11.5 C
Struga
Wednesday, May 29, 2024
spot_img

Претседателот Пендаровски оствари средба со наградените на Струшките вечери на поезијата

Претседателот Стево Пендаровски во својот кабинет вчера ги прими Кенсаку Таникава, син на јапонскиот поет Шунтаро Таникава – годинешен лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, Џерардо Мазучо, италијански поет и добитник на наградата „Мостови на Струга“, израелскиот поет Амир Ор, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2020 година и Тодорче Тасевски, директор на СВП.

,,Честитки до Шунтаро Таникава – годинешен лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, италијанскиот поет Џерардо Мазучо – добитник на наградата „Мостови на Струга“, како и до израелскиот поет Амир Ор, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2020 година, кој годинава е специјален гостин на манифестацијата.

Уверен сум дека и во иднина, Струга ќе остане најскапоцената антологија на современата светска поезија, а македонското поетско творештво и натаму ќе зазема достоинствено место во светски рамки.,,-напиша Пендаровски по тој повод.

Фестивалот традиционално заврши синоќа со поетско читање во Скопје, кое се одржи во „Даутпашиниот амам“ со почеток во 20:30 часот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles