18 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

Премиерот очекува одговорност од пратениците и изгласување на кризната состојба во Собранието

Народните избраници од утре се враќаат во собраниските клупи, а меѓу првите точки за кои ќе треба да се изјаснат е продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја. За да трае во текот на целата зима, нејзиното продолжување треба се гласа во собранието. Премиерот Ковачевски смета дека во справување со кризата обврска имаат и пратениците кои не се дел од владејачкото мнозинство, па очекува и нивна поддршка.

Но, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно за Сител изјави дека нема да дозволи неговите пратеници да ја поддржат одлуката без детална анализа од владата како се трошеле парите од претходната кризна состојба. Мицкоски е дециден дека и за овој случај ќе важи активната блокада.

Министерот за економија пак најави дека нема намера да доставува документи до лидерот на опозицијата. Информациите за трошењето на парите во време на прогласена кризна состојба можеле да ги побараат пратениците.

Освен кризната состојба со струјата, во следниот период пред пратениците ќе треба да се најдат и најавените уставни измени за впишување на бугарите за што неопходно е обезбедување на двотретинско мнозинство. ОД владата сметаат дека додека трае скринингот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат време да ја увидат важноста на процесот. Ковачевски изјави дека очекува сите 120 пратеници да гласаат за истите. Но опозицијата во неколку наврати најави дека нема да гласа за промена на уставот.

И дел од пратениците од владеачката коалиција најавија таков чекор односно Бугарите нема да влезат во Устаот додека не се обезбеди реципроцете. Во меѓувреме во опозициската партијата во тек се и консултации за организирање на референдум, односно начинот на кој ќе се бара негово спроведување и самото референдумско прашање.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles