21 C
Struga
Tuesday, May 21, 2024
spot_img

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Берлин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе предводи владина делегација на средбите на лидерите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија. Во состав на владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На самитот ќе се одржат неколку сесии на кои е предвидено премиерот Ковачевски, заедно со лидерите од Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

За време на Самитот ќе бидат потпишани и три регионални договори за мобилност, кои се однесуваат на признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

Фокусот на Берлинскиот процес е со поддршка на Европската Комисија да се зајакне и унапреди меѓусебната соработка помеѓу земјите од Западен Балкан. Оваа соработка е во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации, слободно движење на луѓе и стоки и истата треба да придонесе за забрзан регионален економски раст и развој.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles