10 C
Struga
Saturday, May 4, 2024
spot_img

Светското преструктурирање, предизвикано пред се од воената агресија на Русија врз Украина е во фокусот на овогодинешната Минхенската конференција за безбедност, која се одржува од денеска до 19 февруари. 

На 59. издание на Минхенска конференција за безбедност, учествуваат повеќе од 450 носители на одлуки на високо ниво и истакнати светски лидери – вклучувајќи шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации и невладини организации, како и лидери од бизнисот и граѓанското општество. 

На конференцијата, како што јави известувачот на МИА од Минхен, учестува делегација на Владата на Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На конференцијата во својство на претседавач на ОБСЕ учествува и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски на маргините на конференцијата е предвидено да оствари средби со лидери и високи претставници на одделни држави и меѓународни организации, а ќе учествува и на тркалезната маса посветена за земјите од Западен Балкан и важноста од евроинтегративниот процес во услови на геополитички превирања.

Три дена, Минхенската конференција за безбедност повторно ќе функционира како единствена платформа за дебати на високо ниво за најголемите предизвици на надворешната и безбедносната политика на нашето време.

Војната во Украина, која започна само неколку дена по Минхенската безбедносна конференција во 2022 година, означува „пресвртница“, напоменуваат организаторите. Војната не само што предизвика огромно страдање во Украина, туку се одрази негативно и во другите делови на светот.

Речиси една година по руската инвазија на Украина, Минхенската безбедносна конференција исто така ќе обезбеди можност да се направи преглед на кохезијата и на политичката посветеност на одржување на меѓународен поредок заснован на одредени правила.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles