13.7 C
Struga
Thursday, May 9, 2024
spot_img

Преговорите на пауза, Русија и Украина утре го продолжуваат дијалогот 

Русија и Украина денеска одржаа нова рунда преговори, но за конкретни резултати светот ќе почека до утре, бидејќи попладнево преговарачите прогласија “техничка пауза”.

Четвртата рунда преговори беше одржана преку видео врска, а дојде ден откако во рускиот напад на воената база во Лавов, близу полската граница, загинаа 35, а беа поврдени 134 војници.

Во порака објавена на Твитер, паузата во преговорите ја најави Михаило Подољак, шефот на украинската делегација.

„Направена е техничка пауза во преговорите до утре, за дополнителна работа во работните подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат…”, напиша Подољак.

Украинскиот преговарач претходно информираше дека позициите од двете страни се презентирани и дека комуникацијата оди тешко, а причина се различните политички системи на двете страни.

На преговарачката  маса се постигнување на  прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина и извлекување на цивилите од кризните подражја. Паралелно со мировните напори се одвиваат воени дејствија. Украинските сили го ракетираа утринава центарот на Доњецк, при што загинаа 20 цивили.

Киев исто така е под удар, но на руските сили. Во бомбардирање на еден станбен дел од градот има жртви и повредени, а цивилната гарда порача дека нема да дозволат Русите да влезат во градот.

Ракетирана е фабриката за авиони во градот. Без струја повтороно остана нуклеарната централа Чернобил. Во исто време, Москва демантираше дека побарала воена помош од Кина, а ова го потврди и Пекинг. Портпаролот на Кремљ Песков порача дека помош не име потребна бидејки специјалниоте акции одат според планот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles