17 C
Struga
Friday, May 17, 2024
spot_img

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата

Владата на денешната 72. седница ја усвои Информацијата со која се овозможува превозот на стоки во патниот сообраќај со Украина да се врши без дозволи до крајот на годината.

На денешната седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји, информира владината прес-служба.

Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles