17.4 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Превентивна акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот

МВР и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денес во Охрид, каде има зголемен број на туристи, а со тоа и моторни возила, поради продолжениот празничен викенд, реализираа превентивна акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот, со посебен акцент на пешаците. За жал, бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди секаде во светот е значително висок. Од МВР велат дека како резултат на активностите што ги спроведувале изминатите години имало тренд на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот. Минатата 2021 година имало 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години.

„Пешаците се рамноправни учесници во сообраќајот и мора да ги почитуваат правилата и прописите. Пешаците се рамноправни учесници во сообраќајот. На пешаците им делиме едукативно-превентивен материјал и разговараме за намалување на незгодите“, рече Гордана Кожуваровска-претседател на РСБПС.

„Апелирам до сите пешаци да ги почитуваат сообраќајните правила и улицата да ја поминуваат на пешачки премин и само кога е вклучено зеленото светло на семафорот. Затоа што непочитувањето на овие правила може да донесе до сообраќајна несреќа. Исто така апелираме до возачите секогаш кога ќе се приближат до пешачки премин да ја зголемат внимателноста, да ја намалат брзината, затоа што пешаците секогаш имаат предност и тие мора да бидат пропуштени“, рече Тони Ангеловски-портпарол на МВР.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles