16.8 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија

Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.

Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание. /МИА

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles