11 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Полицијата ја тресе Клиниката за онкологија

На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат акцијата, но не даваат повеќе информации, велат дека повеќе ќе соопштат во координација со основното јавно обвинителство по завршувањето на акцијата.

Дел од медиумите пишуваат дека полициската акција се случува по објавувањето на информациите дека вработени лица во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.

Неделникот „Фокус“ минатиот месец објави серија текстови  за постоење на разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови цитостатици, во која биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на клиниката. Во системот се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од пациентите им се дава половична терапија. На тој начин, скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.

По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на МВР се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, соопштија од ОЈО.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles