18 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода малолетник од Струга

Денеска (20.10.2022) во 09.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода малолетник од Струга. Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општин Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. Малолетникот е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор. За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles