Др. Александар Петличковски е нов претседател на комисијата за Заразни болести. Доаѓа на местото на неговиот претходник, Жарко Караџовски.
Петличковски е директор на Институтот за имунологија во кој за време на корона пандемијата се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените како и за соевите на вирусот присутни во Македонија.