15 C
Struga
Friday, April 26, 2024
spot_img

Пендаровски стави потпис на законските измени за коридорите 8 и 10д

Завршија дилемите, претседателот Пендаровски одлучи да стави потпис на законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д.

По консултациите со правници и експерти, констатирал дека измените кои во собрание поминаа со скратена постапка и европско знаменце не се спорни.

Претходно, Педнаровски најави можност да стави вето на указот за Законот за работни односи, но тоа нема да го направи, бидјеќи утврдиле дека сегашните измени не се истите за 60 часовната работна недела кои ги укина Уставниот суд лани.

-Во законот за именување и дополнување на Законот за работни односи, сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината. Изминатиот месеци дадов неколку јавни изјави дека нема да потпишам укааз за прогласување на закон кој содржи одредба што претходно е оспорена од Уставен суд и во таа насока новиот текст на законот не ја содржи формулацијата 60-часовна недела.

Сега, откако указите за законите се потпишани, тие ќе излезат во Служен весник и официјално ќе стапат на сила. Единствената можност да бидат оспорени останува Уставниот суд, а синдикатите веќе најавуваат дека ќе ја искористат. Сепак, кога би била донесена одлука и каква би била таа, останува неизвесно. Дотогаш, Бехтел и Енка ќе може непречено да работи на автопатските делници по новите правила.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles