17 C
Struga
Tuesday, May 7, 2024
spot_img

Над 100.000 евра ќе се слеат во државната каса од казните на кафеаните и казината во кои инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, во текот на минатата недела, затекнале пушење цигари внатре, на недозолено место. 

Највисоката казна е 4.500 евра, а најмалата за овој прекршок е 2.000 евра, па ако се направи група математика со најнискиот износ кој треба да го платат околу шеесетина објекти во кои инспекторите утврдиле непочитувања, тоа се 112000 евра. Од Државниот пазарен инспекторат за Канал 5 информираат дека минатата недела низ Македонија инспекции имало во вкупно 200 објекти, а прекшувања се утврдени во 56. Оттаму најавуваат засилени контроли, па апелираат и до граѓаните да внимаваат во кој дел од кафеаните палат цигара, бидејќи за нив казната е од 100 до 300 евра.

-Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории, напоменуваме дека пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично). Казните се високи, па токму затоа даваме апел и известување до правните субјекти врз кои се врши контролата, законот да се почитува, а граѓаните доколку забележат прекршувања да го искористат своето законско право поднесувајќи пријава до Државниот пазарен инспекторат.-ДПИ.

Во меѓувреме, дел од угостителите кои ги контактиравме не сакаа да говорат јавно, но во телефонски разговор признваат дека во голем дел од кафеаните, законот не се почитува. Оние пак кои тврдат дека се придржуваат до правилата, сметаат дека треба да се отвори дебата да им даде можност на угостителите право на избор, па тие да одлучат дали ќе се дозволи пушење на цигари во целиот објект, односно да има кафеани во кои ќе се пуши и такви во кои пушењето воопшто нема да биде дозволено. Сепак ни тие не сакаат да говорат во камера, а со став не се одважуваат ниту од комората на угостители.

Пред четири години, во 2018, кога СДСМ дојде на власт го смени Законот за заштита од пушење, па се дозволи пушење на цигари во затворени стакларници на кафеаните и кафулињата што само наликуваат на тераси. Со ова се отвори можност да се манипулира со навидум затворени делови на објектите. Инаку, со првичниот Закон, донесен кога премиер беше Груевски, терасите на рестораните и кафулињата не смееја да бидат целосно затворени. Сега, кафулињата кои речиси и не инвестираат во соодветна вентилација, повремено ги луфтираат просториите преку отворените покриви во импровизирани тераси, кои всушност се црвста градба.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles