20 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Пад на цените на нафтата на меѓународните берзи

Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска забележаа пад откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за растот на светската економија и предупредувањето дека инфлацијата претставува „непосредна закана“ по многу земји.

На Лондонската берза барел нафта денеска се тргуваше за 109,22 долари, што е намалување за 3,94 долари во споредба со вчера.

Додека на американските берзи барел нафта чинеше 104,41 долари, што е намалување за 3,8 долари.

Русија поради санкциите воведени во март произведе помалку нафта, додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници повторно не ги исполнија договорените производствени квоти.

На почетокот на неделата снабдувањето со нафта беше нарушено и поради блокадата во Либија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles