9.4 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Оценувачката мисија на ЕУ за Судскиот совет, утре стигнува во Скопје

Мисијата за оценување на работата на Сускиот совет, иницирана од ЕУ, утре слетува во Скопје. Под лупа на европските експерти ќе биде работата на Судскиот совет, предметите, дејствијата, преземените чекори и се останато поврзано со највисокиот орган на правдата во државата.

„Тимот експерти од земјите-членки на ЕУ ќе ја анализира работата на Судскиот совет, предлагајќи долгорочни и краткорочни мерки, вклучително и институционални и законодавни активности со цел зајакнување на независноста, непристрасноста и доверливоста на ова важно тело за судството“, наведуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Мисијата ќе ја предводи поранешниот шеф на Врховниот суд во Хрватска, Бранко Хрватин. Тимот во полн формат ќе се врати во Скопје во текот на месец септември.

„Водачот на тимот Бранко Хрватин (поранешен претседател на Врховниот суд во Хрватска) ќе ја посети Северна Македонија на 27 и 28 јули за да ја објави мисијата и да го идентификува опсегот на тимот што ќе работи. Работата ќе се реализира со пристигнување на експерти од земјите членки на ЕУ, кои ќе ја посетат Северна Македонија во текот на септември“, додаваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Првото прашање на кое ќе бараат одговори европските експерти е непостапувањето на Судскиот совет за судијата Енвер Беџети – судија во Апелација кој пак не постапувал за предметите поврзани со Сашо Мијалков. Исто така, оценувачката мисија ќе бара отчет и за начинот на смена на претседателката на Советот Весна Дамева, непроцесуираните случаи за Рамиз Мерко, влијанието на други лица од црната листа како Орце Камчев во правосудниот систем, се злоупотребите во АКМИС системот, семејните вработувања во правосудните институции и изгубените случаи кои ја чинеа државата десетици милиони евра.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles