19 C
Struga
Monday, May 20, 2024
spot_img

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи утре, понеделник 20 февруари 2023, ќе оствари посета на Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, соопшти МНР. 

За време на посетата претседавачот Османи ќе оствари работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните.

Посетата на Претседавачот со ОБСЕ, Османи е во насока на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles