13 C
Struga
Saturday, May 4, 2024
spot_img

Османи и Генчовска: Има прогрес во разговорите

Нема детали од доводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Бугарија. Шефот на македонскта дипломатија, Бујар Османи изјави дека во детали е разговарано за сите прашања со Бугарија, но не соопшти ништо конкретно. Тимот на двете министерства за надворешни работи, вели Османи имале конструктивни разговори. Тој најавува можно наоѓање решение за Бугарија да го крене ветото и Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија. Но, тоа решение според Османи, мора да биде достоинствено и прифатено од двете држави.

„Мислам дека овие разговори создадоа предуслови за интензивирање во наредните денови, со цел, се надевам, да се изнајде некое решение. Имаше добар прогрес во претставување на позициите на двете страни во раззбирањето на позициите на двете страни. Се надевам дека наредните денови ќе продолжи оваа комуникација во различен формат за тие размислувања да се обликуваат во конкретни предлози коишто треба да бидат основа за решение“, рече Османи.

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска во интервјуто за БТВ вели дека нема пожар во односите меѓу двете земји.

„Во моментов односите меѓу двете земји се нормални, конструктивни и се одвива нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно многу часови, продолжуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство“, рече Генчовска.
Вчера Генчовска имаше средба со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според партиското соопштение Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles