17 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Османи: Инцидентите меѓу навивачите да не се поврзуваат со односите меѓу двете земји

Се преземаат сите мерки за да се идентификуваат напаѓачите, уверува шефот на дипломатијата Бујар Османи, откако навивач на бугарскиот клуб Левски заврши во Ургентниот центар прободен со нож. Бугарскиот државјанин сега е во добра здравствена состојба. Според министерот навивачите живеат во посебен свет и случувањата меѓу навивачките групи не треба да се стават во политички контекст, а секој што тоа ќе го стори и ќе сака да придобие политички поени, како што истакна Османи, нема добри намери за билатералните односи меѓу Скопје и Софија.

„Затоа воопшто нема да се обидам да направам корелација помеѓу тоа што се случи помеѓу навивачите на Левски и Шкупи и односот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија или пак било кои други односи“, рече Османи.

Османи верува дека етничката припадност не била мотив за нападот и повтори дека МНР го осуди насилството. Осуда претходно пристигна и од бугарското МНР.

„Жалиме што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент. Уште еднаш ја нагласуваме клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“, наведуваат од бугарското МНР.

Настанот го искоментира и бугарскиот премиер Николај Денков, според кого спортот треба да обединува, а агресијата е целосно неприфатлива.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles