Топлотниот бран кој деновиве ја зафати Европа доаѓа и на Балканот.
Живата на термометарот во четврток ќе се искачи до 40-тиот степен и се активира портокаловата фаза, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Високите температури ќе се задржат до крајот на неделата, а најкритично ќе биде во Скопје и градовите долж Повардарието и Пелагонија.