10 C
Struga
Friday, May 3, 2024
spot_img

Од утре почнува вакцинацијата за сезонски грип

Утре почнува бесплатната вакцинација против сезонски грип. Имунизацијата ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје низ државата, а во Скопје во Поликлиниките Идадија, Бит Пазар и Ѓорче само втора смена.

Од министерството за здравство информираат дека досега за вакцина се пријавиле 27.000 граѓани од ризичните групи, а на располагање има уште 13.000 дози. Само вчера преку “Мој термин” биле испратени 12.000 покани за времето и на кој пункт да се јават заинтересираните над 65 години, хронично болни лица, бремени, здравствени работници и деца до 5 годишна возраст.

-Ризичните групи може потешко да поминат ако се заразат со сезонски грип, бидејќи и ковид инфекцијата уште е присутна во нашата замја, така да може да дојде до компликации, изјави д-р Лулзиме Бајрами, епидемиолог во ЦЈЗ Скопје.

Покрај бесплатните вакцини од министерството за здравство, до крајот на неделата во ЦЈЗ Скопје ќе почне и комерцијалната вакцинација по цена од 800 денари.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles