19 C
Struga
Saturday, May 11, 2024
spot_img

Од Владата тврдат: „Нема ценовен шок за граѓаните“ 

И покрај секојдневниот раст цените на прехранбените производи, на сметките за домување, па и на транспортот, од Владата тврдат дека засега нема сериозен ценовен шок за граѓаните. Проценката на надлежните е дека со мерката за замрзнати цени и со ограничените маржи, дури и некои цени се намалувале. Но, граѓаните забележуваат само тренд на поскапување.

Може ли да се сетите на цените на три производи кои сте ги пазареле во ноември лани и денес?

„Сирење 185, сега 235 денари за кило. Кашкавал 285 – 335 денари, грав 55 денари, сега е 65 денари“, рече еден граѓанин

„Секој ден се зголемуваат цените, секое пазарување има нови цени. Властите велат дека нема ценовен шок? За нив сигурно нема“, граѓанин

„Знам дека цената на зеленчукот е многу покачена. Колку? Многу.“

Алсат побара цени на прехранбени производи од еден од најголемите ланци  на маркети во Македонија. Податоците покажуваат дека за неколку месеци граѓаните плаќаат сериозно повисоки цени за набавка на храна. Поскапо е кафето, оризот, гравот, намазите, јогуртот, тоалетната хартија, детергентите и останати производи кои граѓаните редовно ги купуваат.

Цени на прехранбени производи

Ноември 2021/Февруари 2022

маргарин              29 ден               33 ден

мајонез                 124 ден            139 ден

кафе 200г                72 ден               92 ден

јогурт 1л.                 42 ден             48 ден

ориз 1кг                    51 ден              55 ден

грав                            52 ден             59 ден

ајвар                        139 ден            165 ден

чоколаден крем      99 ден              104 ден

кечап                       55 ден               58 ден

тоалетна хартија     109 ден             125 ден

сјај                            108 ден               125 ден

До крајот на овој месец истекува мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Потоа од први март до крајот на мај во сила ќе биде одлуката на Владата со која на трговците им ги ограничи маржите и тоа за 5 отсто на големо и 10 отсто во трговијата на мало.

„И покрај тоа што цените на основните прехранбени производи од страна на Владата се замрзнати во последниве неколку месеци, сепак во дел од маркетите цените растеа. А, за тоа потврда даде и Државниот завод за статистика, од каде регистрираа раст на цените на основните прехранбени производи во месец јануари.“ 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles