16 C
Struga
Tuesday, May 7, 2024
spot_img

Стабилно е снабдувањето со електричната енергија, велат од владата, од каде апелираат до училиштата до петок да се пријават на огласот за добивање субвенции за електрична енергија.

Основните и средните училишта кои се уште се немаат пријавено на огласот за добивање на субвенционирана електрична енергија, тоа да го направат веднаш, порача денеска советникот за енергетика во Владата Виктор Андонов и додаде дека рокот за пријавување за снабдување со субвенционирана електрична енергија од 1 февруари завршува во петок на 20 јануари.

-Министерството за образование и наука (МОН) во текот на вчерашниот ден исто така ги повика училиштата да аплицираат на повикот за субвенционирана електрична енергија, за што службите на ЕСМ им стојат на располагање. Заеднички интерес е децата да имаат непречена настава и топли училници, а училиштата да имаат помали сметки за електрична енергија, рече Андонов на денешната прес-конференција во Владата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles