12.2 C
Struga
Monday, May 6, 2024
spot_img

Одговорните да излезат пред лицето на правдата и да не се линчува целиот медицински персонал, порачуваат од ДУИ за Онкологија

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата во врска со сомнителните злоупотреби на Клиниката за онкологија, велат од оваа партија.

Демократската унија за интеграција бара надлежните институции, особено Обвинителството, итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба на животот и здравјето на пациентите.

„ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги во клиниките и другите институции. Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани во текот на годините и меѓу администрациите, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва“, се истакнува во соопштението од ДУИ.

Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребуваат за политички цели во време кога државата е исправена пред уште еден важен предизвик.

И ДУИ апелира да не се линчува целиот медицински персонал, кој секојдневно е на должност и спасува животи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles