Повикот нуди поддршка за домашните претпријатија да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
Вкупен буџет на повикот изнесува 5.060.000 евра.
Фондот обезбедува финансиска поддршка:
до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот за микро претпријатија, но не повеќе од 2,5 милиони денари или не повеќе од 5 милиони денари за мали претпријатија
до 60 проценти од вкупниот буџет на проектот за средни претпријатија, но не повеќе од 10 милиони денари.
Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% за микро и мали претпријатија, односно до 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.
Рок за поднесување на предлог проекти до: 05.05.2023 година.
Дополнителни информации за повикот се достапни на следниов ЛИНК