12 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

Новото издание на „Drim Short 2023“од 14-ти до 17-ти август во Струга

Седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“, оваа година ќе се одржи од 14 до 17 август на Летна Сцена при Центар за култура “Браќа Миладиновци” – Струга.

,,Ако филмот е естетска креација, плод на колективен уметнички труд од различни умови, тогаш фестивалот е естетско-тематски собир, плод на подредувањето во универзумот кое овозможува многу различни умови, својот колективен труд наречен филм, да го презентираат на исто место, во исто време, создавајќи момент на магична илузија, необјасниво чувство посебност за публиката и можност за размена на вистински вредности што траат. Денес, кога околу нас видливо недостасуваат едноставност, разбирање и мир, среќни сме што со специјалните мали нешта, наречени кратки филмови, придонесуваме во разубавување на времето во кое живееме. Кога светот е во опасност, убавината ќе го спаси. Кога реалноста натежнува, неопходна е убавина. Со 7-то издание на ,,Drim Short Film Festival”, под мотото „Неопходна убавина“ ќе посакаме нашиот фестивал да биде само еден од многуте културни блесоци кои ни се потребни.“-велат организаторите.

Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“. Покрај натпреварувачките програми фестивалот ќе содржи и ревијални, гостински и специјални филмски програми. Неизбежен сегмент од целиот фестивал повторно ќе биде едукативниот дел, пропратен со мастер класови, дискусии и работилница за краток филм како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.

,,Фестивалот ја користи оваа прилика да се заблагодари на генералните поддржувачи и спонзори, без кои не би можеле да зрачиме неопходна убавина. И оваа година не‘ очекува уште едно разновидно издание на Drim Short, а за останатите детали од програмата кои следуваат останате здрави, живи и убави“-додаваат од дирекцијата на фестивалот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles