19 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

Нови напади на инфраструктура во Украина

Русија утринава ги обнови ракетните напади врз клучните инфраструктурни објекти во поголемите градови во Украина, вклучително и во престолнината Киев.  Истрелани се најмалку 40 кростосувачки проектили велат украинските власти соопштувајки дека Киев, Запоројже и Харков  имаат проблеми со снабдувањето со струја и вода.

 Владата на Молдавија  објави дека руски проектил што утрово бил погоден од украинската противвоздушна одбрана паднал во село во северниот дел на земјата, но никој не бил повреден.

Руската офанзива доаѓа откако изминатиот викенд  Москва го обвини Киев за напад со беспилотни летала врз Црноморска флота во Севастопол,Крим  и се повлече  од договорот  постигнат со посредство на ОН и Турција  кој и овозможува на Украина да извезува жито од нејзините пристаништа на Црното море.  Рускиот потег создава  загриженост дека повторнно би можело да дојде до прекин на глобалното снабдување , што пак доведе до зголемивање на цената на житото на светските берзи.  Кремљ пак вели  не сака да ја гарантира безбедноста на бродовите со жито , бидејки украинската војска за време на нападот го користела коридорот наменет за премин на транспорт на храна.   

Турција и ОН прават  обиди Русија да се врати на договот склучен во јули, но и продолќуваат со негова спроведување, бидејќи Русија  денеска за разлика од вчера не ја блокира украинската испорака со жито. Повеке бродови ги напуштија  или се подготуваат да  испловат од  украинскаат пристаништа со дестинација Истанбул.

Киев вели дека Кремљ бара изговор да го напушти договорот, а Вашингтон посочи дека Русија повторно се обидува да ја користи храната како оружје. Украина ниту потврди ниту негираше дека стои зад експлозиите што ја погодија базата на Крим на руската Црноморска флота, но истскна  дека руската морнарица е легитимна воена цел

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles