21 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Нови законски измени за породилното отсуство, 5 месеци за мајката и по 4 месеци за двајцата родители

Владата планира да го укине породилното отсуство и да го замени со мајчинско и родителско отсуство. 

Со новиот закон за работни односи се предлага мајката да има право на 5 месеци мајчинско отсуство и дополнителни 4 месеци родителско отсуство. Новина е што право на 4 месеци отсуство ќе има и таткото кое ќе може да го користи заедно со мајката по истекот на првите 5 месеци или пак во било кој период додека детето не наполни 2 години. 

Покрај ова, новина е што таткото ќе има право на 15 дена платен одмор веднаш штом ќе добие дете и 20 дена ако добие повеќе деца одеднаш.

Тренчевска вели дека сите отсуства на родителите ќе бидат 100% покриени од фондот. Покрај ова, се предвидува мајките да имаат право на 2 часа пауза како и можности за флексибилно работно време и работење од далечина.

Измените на законот се уште се во драфт верзија. Во овој момент нема пресметка колку ќе го чини фондот правото на татковците да одат 4 месеци на родителско отсуство. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles