7.9 C
Struga
Saturday, May 4, 2024
spot_img

Училиштата ги добија новите упатства за справување со заканите за бомби и од понеделник веќе треба да почнат да се применуваат. Што содржат и како ќе се постапува официјално не се открива

Според информациите на Канал 5 се работи за променети протоколи чија цел е да се извршат првичните проверки без да се прекине наставата на учениците. Па така, ако училиште на електронската адреса добие закана за поставена експлозивна направа, првично полиција ќе прави проверка додека трае наставата. Во случај да пронајдат нешто сомнително тогаш ќе се евакуираат учениците и вработените во школите по што ќе бидат повикани антитерористички единици и кучиња трагачи, при што ќе се извршат деталните проверки.

Дојави за поставени бомби со повремени паузи, речиси секојдневно пристигнуваат на емаил адресите на училиштата од октомври. Новите Протоколи ко владата ги донесе во соработка со МОН, Бирото за јавна безбедност и МВР, ќе бидат должни да ги спроведуваат директорите на сите училишта на територијата на земјава, а во меѓувреме зајакнати се и полициските патроли околу училиштата.

Освен ова, како што информираа од Влада по упатството ќе бидат должни да постапуваат директорите на сите училишта на територијата на земјава и дека МВР обезбедува постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.

Дел од директорите кои ги контактиравме, ни потврдија дека ги добиле новите протоколи, а тие во меѓувреме се обврзани и со мерки кои ќе треба тековно да ги преземат. Професорите ќе треба да ги проверуваат кабинетите а хигиеничарките сите простории и корпите за отпадоци.

Дел од безбедносните експерти сметаат дека била неопходна промената на протоколите. Професорот од воената академија Методи Хаџи Јанев вели дека е потребен сеопфатен пристап кој нема да успее доколку не се активира целосниот систем за управување со кризи.

-Ако таквите протоколи не се синхронизирани и немаат сеопфатен пристап, али се адхок коишто се донесени да таргетираат само еден сгмент од целокупниот систем, во таков случај можат да создадат и конфузија. Без да се активира системот за управување со кризи, кој за жал засега гледаме дека е пасивен, не знам од кои причини. Ако во изминатите пет месеци го имаме сето ова, и ако претходно другите држави во регионот го имале сето тоа, тогаш раното предупредување потфрлило. Природата на заканата, всушност сама по себе укажува дека е потребен тој сеопфатен пристап и дека сите чинители во општеството, не само сега во образованието и безбедносниот сектор, да кажеме конкретно МВР, се тие кои треба да бидат повикани, изјави – Методи Хаџи Јанев – Воена академија.

Неделава како моментално решение, МОН и училиштата огранизираа он-лајн настава отакако учениците и професорите си заминуваа дома по евекуацијата на училиштата, што наиде на негативни реакции кај јавноста.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles