12.5 C
Struga
Friday, May 17, 2024
spot_img

Нова цена на струјата од 1ви јули

Енергетските компании почнаа да ги доставуваат извештаите за трошоците до Регулаторната комисија за енергетика кои се значајни при формирање на новите цени на струјата во тарифникот.

До сега доставиле Електродистрибуција и Мемо. Остануваат уште МЕПСО и ЕВН Хоум, како и тендерот на кој државната ЕСМ треба да понуди нова цена за произведената електрична енергија наменета за домаќинствата и малите потрошувачи.

„За оваа година согласно Законот за енергетика ЕСМ има обврска да понуди минимум 50% од неопходната електрична енергија за домаќинствата. Во овој дел РКЕ нема влијание. Треба да се почека да се види која цена и количина ќе биде понудена, затоа што тоа е витален импут во крајната цена.“ велат од РКЕ.

Овој тендер во наредниот период треба да го објави ЕВН Хоум, за втората половина од годината. Вообичаено сите потребни количини струја ги нуди ЕСМ, по цена која ја утврдува Владата на затворена седница. Па така, каква цена ќе плаќаат граѓаните од први јули најмногу ќе зависи од тоа колку струја ќе произведат домашните капацитети и по која цена ќе се продаваат.

Домаќинствата во јануари годинава добија пониски цени во првите два блока, но повисоки во третиот и четврт блок, а и ДДВ-то на сметките од 5 се зголеми на 10%.

Она што останува неизвесно сега, е дали стапката на ДДВ ќе остане како што е сега или ќе се зголеми на 18 отсто, како што е предвидено.

Во меѓувреме се прават пресметки и за враќањето на дневната ефтина тарифа, која е укината повеќе од една година. Според најавите од први јули, повторно два часа во денот граѓаните ќе плаќаат струја која ќе биде со цена пониска од онаа во првиот тарифен блок.

Струја за домаќинства (28.12.2022)

2022 2023

Прв блок 7,7 ден 7,41 ден.

Втор блок 8,05 ден. 7,84 ден.

Трет блок 8,66 ден. 8,74 ден.

Четврт блок 17,48 ден. 18,81 ден.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles