13.2 C
Struga
Wednesday, May 8, 2024
spot_img

Николовски најавува голема земјоделска реформа

Учениците ќе добиваат оброк со пастрмки, сирење, овошје и зеленчук од домашни производители. 

Министерот за земјоделие успешно ја оцени мерката и најави зголемување од 100 отство на субвенциите со што ќе бидат опфатени повеќе домашни производи. Оваа мерка успешно била реализирана преку доделување на 750 тона јаболка во сите училишта. 

Од следната година ќе се имплементира мерката за рурални жени со зголемување на средствата за социјално осигурување и мајчинство на жените фармери кои се регистрирани во системот. 

Повеќе нема да има ниту рокови за пријавување на повикот за бизнис план за млади фармери како и средства за мали и средни винарии. Новина ќе има и за аплицирање на средства од ИПАРД, зголемен буџет од 100 милиони неповратни европски средства. 

62 проценти поголем буџет за ИПАРД од Европската Унија за инвестиции во македонскиот аграр. Новина е дека веднаш ќе може да се добие дел од средствата. 

Откупот на тутун е во тек, просечната цена е до сега највисока и изнесува 286 денари. Најголем дел од откупот е завршен, вкупно 18 милиони кг тутун и најголем дел е од прва класа. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles