13.1 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

На 29-ти јули подводно чистење на Охридското езеро во Радожда

Двата нуркачки клубови од Струга, ,,Норкач“ и ,,Скаут“ органзираат подводно чистење на Охридското езеро.

Чистењето ќе се одвива на 29-ти јули во 10:00 часот во Радожда.

,,Поканети сте да ни се придружите на овој возбудлив и влијателен настан за подводна еко акција!

Како страсни поборници за зачувување на нашето Охридско езеро, среќни сме што можеме да ја упатиме оваа покана до јавноста да биде дел од заедничките напори кои ги вложуваме сите за што почисто Охридско езеро.“-велат организаторите.

Планирано е чистење на брегот (во вода и надвор) на Охридското езеро во должина на селото Радожда. Во вода ќе влезат искусни нуркачи, придружувани од кајчиња на кои ќе се собере целото ѓубре кое ќе се извади од езерото. Акцијата ја поддржа и JП Комунално Струга кое со свои возила ќе го соберат сметот и ќе го однесат до крајната дестинација за одлагање.

Во чистењето на брегот и плажата може да учествува секој, без никакви ограничувања

За подводното чистење бројот на учесници е ограничен и наменето е за сите нуркачи кои поседуваат лиценца за нуркање. За учество во оваа активност е потребна претходна најава.

По завршување на Еко акцијата сите учесници се поканети на ручек и забава со одлична музика во кампинг Скаут во Струга.

-Ве покануваме да бидете дел од акцијата, сите заедно со личниот придонес, можеме да направиме значајна разлика во заштитата на нашето Охридско езеро!-додаваат организаторите.

Настанот е организиран од страна на нуркачките клубови  ,,Норкач“ и ,,Скаут“ .

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles