9.5 C
Struga
Saturday, May 4, 2024
spot_img

МНР бара Софија да ги осуди говорот на омраза во бугарскиот Парламент

Скандалозните пораки со говор на омраза и територијални претензии кои вчера беа истакнати во бугарското Собрание го вклучи алармот кај македонските власти.

Министерството за надворешни работи до официјална Софија врачи вербална нота во која го осудува вчерашното однесување на дел од бугарските пратеници кои во Парламентот, држеа натписи “ Македонија е Бугарија” но и иредентистичките говори кои беа пренесени од говорницата.

-Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот. Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава – Стои во соопштението на МНР

Транспаретните „Македонија е Бугарија“, се појави на почетокот од вчерашната седница на која се гласаше за францускиот предлог, а ги носеа десетици пратеници, во најголем дел од проруската партијата „Преродба“.. По интервенција на претседавачот Атасов, кој им се закани со отсранување од салата, тие ги спуштија, но нивниот лидер Костадин Костадинов, иредентистичките пораки ги пренесе и од говорницата… 

-Иднината на Бугарија и Македонија е една, тоа е една заедничка држава. За тоа треба да се бориме сите ние, затоа ви го дадов примерот од 1941 година. Една заедничка држава, обединета Бугарија со Македонија, а не членство во ЕУ. Тоа нема да ни го реши проблемот. Затоа што ако Македонија влезе во тој свет, тогаш македонскиот јазик ќе стане официјален во ЕУ. И кога некој од нас ќе почне да зборува на дијалект, ќе треба да му објаснуваме дека тоа не е бугарски, туку е македонски.- Костадин Костадинов

Новиот наплив на говор на омраза од Софија, доаѓа во ек на дебатата за францускиот предлг, во кој токму оваа тема е внесена по барање на Бугарија, со тврдење дека го има во Македонија. Франција и Европската комисија ги прифатија нивните аргументи, но за овој случај се уште нема ниту реакција ниту осуда…

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles