11.9 C
Struga
Thursday, May 2, 2024
spot_img

Министерство за транспорт и врски: Доставени три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

Денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

-На јавниот повик кој што траеше од 20 декември 2022 година до 26 јануари 2023 година документација доставија три авиокомпании и тоа Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс. Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди. Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.-информираат од Министерството за транспорт и врски.

Додаваат дека финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles