12 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Министерот за здравство не гледа причина за промени во рестриктивните мерки

Нема услови за олабавување на ковид мерките, актуелните рестрикции најверојатно ќе бидат на сила и следната недела. На состанокот во вторник комисијата ќе ја анализира состојбата со новозаразени во училиштата по поминати две седмици од второто полугодие. Министерот за здравство во изјава за Сител рече дека не очекува нешто да се промени на тој план бидејќи се уште сме во пикот на четвртиот бран. Досега никој официјално не побарал од комисијата промени во мерките.

И покрај алармантните бројки со новозаразени, во земјава не се зголемува интересот за вакцинација. Од утре ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали населението и каков имунитет има на Ковид-19.

Според министерот постојат апсурдни ситуации кога се во прашање мерките како на пример дистанцата која важи за кафулињата, рестораните но ни е и за казината но таквите мерки се на сила од претходно. Утре на кризен штаб ќе се одлучува за времетраењето на сертификатите за прележаност на Ковид-19, наместо 45 дена да важи 6 месеци, а за предлогот владата ќе одлучува на седницата во вторник.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles