12.2 C
Struga
Sunday, May 5, 2024
spot_img

Марко Пејчиновски успешно преплива 64 километри од Охрид преку Струга до Св. Наум и назад

Нов голем подвиг на младиот македонски пливач Марко Пејчиновски..

Тој денеска успешно го заврши и последното, 10-то препливување за ова лето, овој пат на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. На празникот Голема Богородица го заврши последниот подвиг со време од 21 час и 42 минути и со овации беше пречекан кај охридското пристаниште .. Марко на стартот од летото се појави со цел да исплива 250 километри низ десет испливувања, па откако реализираше досега девет маратони со 186 километри, сега ја заврши и последната делница од 64 километри.

„Се чувствувам одлично. Беше тешко, пред се поради неповолната струја на моменти, но успеав да ги надминам проблемите и за разлика од 2019 да испливам до целта. Ова сакам да ве инспирира и вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно“, изјави 16-годишниот Марко.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles