19 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Малите фирми сепак ќе „куртулат“ од плаќање Данок на добивка.

 

Иако со даночната реформа Владата предвидуваше веќе да нема ослободување на компаниите со приход до 3 милиони денари односно 50.000 евра, веќе е извесно дека, по реакциите во јавноста, се пишмани..

Имено, предлогот кој веќе е во Собрание, доставен во декември минатата година предвидува и малите компании да плаќаат, со можност да бираат дали ќе плаќаат 10% данок на добивката или 1 отсто данок на вкупениот приход. Но, група пратеници од СДСМ на 4ти јануари до Собранието доставиле и Амандман со кој предлагаат ова да не важи.

Во министерството за финансии се запознати, но велат дека нема да коментираат, додека Законот и официјално не се најде пред пратениците. Кога тоа ќе се случи, останува неизвесно… Законот се уште не е ставен на комисиска расправа, а од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека прво мора да има јавна расправа на која ќе учестуваат сите засегнати страни. 

„Самото мнозинство има поднесено Амандман тоа да се укине, со што самата реформа ја прави беспредметна. Така да ние веруваме дека Собранието треба да биде мегданот каде што ќе се соочат аргументите и на министерот за финансии и на сите оние кои сметаат дека оваа реформа е неквалитетна и на тој начин да дојдеме до заедничко решение кое ќе биде добро за сите.“ изјави Бојан Стојаноски, претседател на Комисијата за финасирање и буџет. 

Овој предлог предизвика и лавина реакции кај стопанските комори. Според нив наместо правично одданочување, со овие измени се удира врз 70 илјади мали и средни компании , а ќе предизвика и зголемување на сивата економија. 

На конец висат и останатите сегменти од даночна реформа. И три месеци по објавувањето, ниту еден закон не го помина собранискиот филтер. Не се донесени измените во ДДВ-то, па менструалните производи се уште се со стапка од 18%, а луксузната храна се продава со повластен данок од 5 отсто.

На листата „чекање“ е и Законот за солидарност со кој најголемите и најпрофитабилните еднократно треба да платат 30% данок до крајот на мај.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles