8.7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Македонија со поддршка од трибините до триумф против Бугарија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тодор Проески во Скопје ги завршува натпреварите во цегментот Ц од Лигата на нации. 

Последен противник на црвено жолтите е стариот долшжник селекцијата на Бугарија.

На синоќешната пресконференција селекторот Милевски најави дека неговите избраници вечерва размислуваат само на победа со која би покажале дека неуспеѓот во Тбилиси бил незаслужен. Нашиот предводник воедно истакна и дека вечерва на нашиот најголем стадион не е потребно влијанието на политиката туку дека треба да се размислува само спортстки. Милевски порача дека политиката да им се остави на политичарите а спортот на спортистите. Слично размислува и капитенот Енес Барди.

Да бидеме јасни, политиката е на страна, ние сме спортски работници и не интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата дека гледаме само на спортот. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна“.Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси.Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот триесет дена не се користеше. истакна Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

Капитенот Барди на пресот пред вечерашниот дуел против Бугарија истакна дека тој и неговите соиграчи вечерва ќе докажат и покажат дека ресулатот против Грузија не бил вистинска слика на тоа што се случуваше на теренот.

„По поразот во Грузија со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент.Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време на младите да се адаптираат. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи“, заклучи Енис Барди – капитен на македонската А репрезентација:

Пред последното коло во групата 4 од сегментот Ц македонија е на втората позиција во групата со 7 бодови , Бугарија е трета со 6, убедливо на вврвот со 13 подоби е тимот на Грузија кој веќе обезбеди место во плејофот за пласман на Европскиот шампионат.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles