28 C
Struga
Wednesday, June 26, 2024
spot_img

Македонија во групата земји со задоволителна слобода на медиумите

Организацијата „Репортери без граници“ изразува загриженост за состојбата со слободата во медиумите, а како главни причини ги наведува  војната и прогонот на новинарите, заканата од лажни вести и пропаганда, кои го поткопуваат вистинското и професионално новинарство. Светскиот индекс за слободата на медиумите, објавен на Светскиот ден на слободата на медиумите, заклучува дека ситуацијата е „многу лоша“ во 31 земја, „лоша“ во 42 земји, „проблематична“ во 55 и „добра“ или „прилично добра“ во 52 земји. Тоа значи дека амбиентот  е лош во седум од десет земји, а задоволителен само во три од десет земји. Норвешка е на првото место седма година по ред, додека последните три земји со најлоши услови за новинарите во светот се во Азија: Виетнам, Кина и Северна Кореја.

Слободата на печатот во Европа е засенета од руската војна во Украина. Кремљ создаде нов медиумски арсенал посветен на ширењето на пораките на Москва на териториите што ги зазеде во јужна Украина и презеде мерки без преседан . Северна Македонија е на 38. место, додека Црна Гора на 39. место и се во групата земји со „помалку или повеќе добра“ или задоволителна состојба. Македонија бележи пораст од 19 места од минатата година. Организацијата „Репортери без граници“, во Светскиот индекс за слобода на печатот, ги рангираше Албанија и Косово меѓу проблематичните земји. Од 180 земји, Албанија се наоѓа на 96-то место, а Косово е на 56. Место. Во Србија, според извештајот провладините медиуми шират руска пропаганда, и оваа година е на 91-то место.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles