20 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Македонија без загриженост го чека првиот случај, комисијата не гледа потреба од нови мерки

Не се потребни дополнителни мерки доколку се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, смета директорката на Инфективната клиника. Во земјава сè уште не е детектиран случај на новиот Омикрон сој, иако е тоа само прашање на време поради брзото ширење на вирусот.

„Распустот ќе отпочне за десетина дена од сега. Не гледам зошто би го поместувале распустот и дека тоа нешто значајно во епидемиолошката слика ќе промени од причина што ако се спроведуваат мерките, кои се препорачани, во овие десетина дена кога сè уште немаме нова варијанта на вирус во државата, не гледам зошто тоа би го спроведувале. Што се однесува на тестирањата пред влез во земјата, јас искрено од она какви се тенденциите во нашето опкружување од каде што најчесто очекуваме и влез на државјани принципот на вакцинирање мора да профункционира. Мислам дека не треба да се пуштаа државјани во земјата кои немаат соодветен доказ за спроведена вакцинација“, вели Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника во Скопје.

Во болниците има доволно место, а најмладите хоспитализирани на Инфективната клиника се на возраст од околу 30-тина години.

СТЕНД АП дека во моемнтов исполнетоста на болницата е 70% и дека здравствените власти препорачуваат во пресрет на празниците да се внимава и да не се опуштаат граѓаните

Здравствените власти сметаат дека вакцинацијата дава резултати и затоа апелираат за поголема вакцинација, но и трета т.н. бустер доза, за поголема заштита од новиот сој.

„Она што може да се заклучи од веќе добиените сознанија е дека варијантата многу бргу се шири, но и дека шансите за реинфекција на веќе оние кои се прележани и не се дополнително бустирани со вакцина околу 5% е поголема за реинфекција од Делта сојот. Тоа зборува доволно дека не смееме да се опуштиме, дека овие намалени бројки што ги гледаме не можат преку ноќ повторно да се зголемат“, вели Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника.

Препораките за заштита од новиот сој се исти како и досегашните, одржување соодветна дистанца, честа дезинфекција и носење маска во затворени простории.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles