15 C
Struga
Wednesday, May 8, 2024
spot_img

Лани потрошени 550 милиони евра на онлајн трговија

Во текот на 2022 година, вкупната вредност на трансакциите извршени за онлајн купување изнесува околу 550 милиони евра. Во однос на 2021 година тоа е раст од 25 насто. Од Здружението за електронска трговија велат дека во овие податоци се вклучени само трансакциите направени со картички, а не и набавките за кои се врши плаќање во кеш по добивањето на нарачката.

Ангеловска вели дека граѓаните треба да внимаваат со нелегалната трговија, да ги прочитаат препораките, односно да проверат дали продавачите се верификувани како електронски трговци.

Граѓаните најмногу претпочитаат да купуваат во продавници, но некои работи ги нарачуваат преку интернет.

„Го користам, но многу ретко, според мојата возраст, кога ми треба го користам, кога не ми треба, не. Дали некогаш сте купиле нешто на интернет? Не сум купил, не можам, треба да бидеш малку снаодлив за да најдеш такво нешто“, рече еден граѓанин.

„Гардероба, книги… Може да се провери, можете да ги видите коментарите, секогаш можете да ја проверите легитимноста на страницата и потоа да одлучите“, изјави една граѓанинка.

„Мојата пријателка имаше проблем, го плати патувањето, таа е стјуардеса и во Австрија отиде на дестинација каде што немаше зграда“, рече една граѓанинка.

Некои од најчестите поплаки на граѓаните се нерегистрирани продавачи, производи со сомнителен квалитет, испорака на нарачки без фактури, доцни испораки и слично.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles