13.3 C
Struga
Thursday, May 9, 2024
spot_img

Корона вирусот e сè уште меѓу нас, над 140 заразени за една недела

Бројот на заболени од ковид останува константен со месеци. Податоците на Заводот за јавно здравје покажуваат дека во текот на минатата недела на територијата на Македонија се регистрирани 141 позитивен случај, а имало и еден починат пациент. На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов има 12 хоспитализирани, а во амбулантата дневно се потврдуваат од 4 до 5 пациенти со симптоми на ковид.

„Заболените се од сите возрасни групи, но најголем број случаи се постари од 60 години. Во текот на изминатата недела оздравени се 156 лица, а пријавени се 47 нови случаи на зараза. Во текот на изминатата недела е регистрирана една жртва од Куманово на возраст од 75 години“, велат од Институт за јавно здравје.

Од Комисијата за заразни болести велат дека вирусот е сè послаб и оти нема причина граѓаните да стравуваат од каква било опасност или дополнително ширење.

Во моментов во целиот свет сите дијагностицирани се со варијанта Омикрон која не покажува тешки симптоми. Во Македонија против Ковид-19 се вакцинираа помалку од 50 отсто од населението.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles