11.5 C
Struga
Tuesday, May 7, 2024
spot_img

Здравствените функционери на земјите-членки на Европската унија утре ќе имаат состанок за координиран одговор на брзото ширење на инфекцијата со Ковид-19 во Кина, соопшти денеска шведското претседателство со ЕУ.

На онлајн состанокот на 29 декември, на кој присуствувале повеќе од 100 претставници на земјите-членки, европските здравствени агенции и Светската здравствена организација, Италија ја повика ЕУ да го следи нејзиниот пример и да ги тестира патниците кои пристигнуваат од Кина, имајќи предвид дека Пекинг на 8 јануари ќе ги укине ограничувањата за патување.

Но, другите земји-членки сметаат дека нема потреба од тоа.

„За среда, на 4 јануари е закажан состанок за интегриран одговор на политичката криза, со цел да се информира за развојот на ситуацијата со Ковид-19 во Кина и да се разговара за можните мерки на ЕУ кои треба да се преземат на координиран начин“, рече портпаролката на шведското претседателство со ЕУ.

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, напиша во писмо до земјите-членки на ЕУ на 29 декември дека треба да размислат за воведување почесто генетско секвенционирање на примероци инфицирани со Ковид-19 и да го подобрат мониторингот на отпадните води, вклучително и на аеродромите, за откривање на можни нови варијанти на корона вирус по скокот на инфекции во Кина.

Киријакидес рече дека ЕУ треба да биде многу внимателна бидејќи веродостојните епидемиолошки и податоците за тестирање се оскудни во Кина, советувајќи ги министрите за здравство веднаш да ги прегледаат своите практики поврзани со генетското секвенционирање.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести минатата недела објави дека во овој момент не препорачува преземање мерки за патниците од Кина.

Објаснија дека варијантите кои циркулираат во Кина веќе постојат во Европската унија, дека европските граѓани се релативно високо вакцинирани и дека потенцијалот за увезени инфекции е мал во споредба со дневниот број на заразени во ЕУ, со кој здравствените системи во моментов можат да се справат.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles