16.3 C
Struga
Sunday, May 19, 2024
spot_img

Комисијата за заразни болести цени дека е безбедно децата да се вратат на настава

Епидемиолошката состојба е стабилна и за сега нема ризик од сезонските вируси по здравјето на децата со враќањето во училишните клупи в понеделник, заклучија на денешниот состанок членовите на Комисијата за заразни болести.

-Комисијата се согласни дека нема потреба од дополнителни мерки, епидемиолошката состојба е стабилна и од понеделник децата можат да се вратат во училишните клупи, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпатрол на КЗБ.

Од Комисијата уште еднаш апелираат јавните здравствени установи да не бараат ПЦР или Брзи тестови пред било каква интервенција и да не ги изложуваат граѓаните на трошоци.

-Има доволно брзи тестови во министерството и да не се изложуваат граѓаните на трошоци, додаде д-р Мехмедовиќ.

Од оваа недела паралелно испитување за грип и Ковид со упат од Матичен се прави и во Институтот за микробиологија спроти министерството.
Годинава не е регистрирана ваква двојна инфекција, а во ИЈЗ досега не е изолирана ниту новата подваријанта Кракен.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles