24 C
Struga
Monday, June 17, 2024
spot_img

Ковачевски-Скуг: Македонија останува фокусирана на својата стратешка цел, членство во ЕУ 

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на САД оствари средба со Олоф Скуг, амбасадор на Европската Унија во Обединетите Нации.

На средбата на која присуствуваше и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, се разговараше за европската интеграција на Македонија, како и динамиката на проширувањето на ЕУ, кој е во интерес на самата Унија, бидејќи на тој начин земјите од Западен Балкан се фокусирани на реформите и придонесуваат кон европската безбедност и стабилност.

Премиерот Ковачевски истакна дека сега е вистински момент за забрзување на ЕУ интеграциите и дека Македонија останува посветена на исполнување на својата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, како и на спроведување на реформите во земјата.

Скуг ја истакна поддршката во процесите и беше заклучено дека сега е вистинскиот момент да се забрзаат евро-интегративните процеси, особено поради силната поларизација на светот во услови на геополитички превирања и влијанија од трети страни, се наведува во соопштението од Владата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles