15.2 C
Struga
Sunday, May 26, 2024
spot_img

Ковачевски: Сега е моментот да ги отвориме поглавјата со ЕУ

Изјава на премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, по завршетокот на лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ваков демократски дијалог треба да има на сите нивоа. Добро е што ставот утрово искажан од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски практично е променет и различен од ова што го слушнав на денешната средба, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени во државата, тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната негова средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ковачевски вели дека ваквите одлуки се одлуки на сите политички партии, на целото општество, бидејќи, како што рече, ова не е процес на еден човек и една политичка партија, на една Влада, туку процес во кој треба да учествуваат сите за подобра и попросперитетна иднина.

– Се прави јасна дистинкција за тоа дали ќе ја интегрираме државата во ЕУ или ќе ја оставиме изолирана, што сметам дека е добро дијалогот што се води да продолжи и на крајот да изградиме заеднички став дека за државата е најдобро да биде интегрирана во ЕУ. Моја цел и заложба на Владата е овој процес на евроинтеграции да биде успешен, затоа што предвид ги имаме стратешките цели на државата. Ова е веќе стратешка цел и на нашите земји партнери како во ЕУ и НАТО, така и на САД. Сите недвосмислено кажаа дека сега е моментот за проширување на ЕУ и за влез на државите од Западен Балкан, пред се Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, рече Ковачевски.

Според него уставните измени, односно вклучување на други делови на народи во Преамбулата на Уставот се чекор напред на овој европски пат.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles