19 C
Struga
Sunday, April 28, 2024
spot_img

Денес по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ја славиме важноста и убавината на јазикот кој го обликува нашиот идентитет и културно наследство, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Нашиот мајчин јазик не е само средство за комуникација, туку и одраз на нашата историја, традиции и вредности, пренесени од генерација на генерација. Како разновидно и повеќејазично општество, Македонија се гордее со своето богато лингвистичко наследство, составено од многу јазици и дијалекти. Секој од овие јазици има свој уникатен шарм и придонесува за културното богатство на нашата земја, наведе Ковачевски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Премерот посочува дека на овој ден го признаваме значењето на нашиот мајчин јазик и виталната улога што ја игра во зачувувањето на нашето наследство и промовирањето на нашиот културен идентитет.

Како влада, остануваме посветени на промовирање и заштита на јазичните права на сите наши граѓани. Ја препознаваме вредноста на повеќејазичноста и посветени сме на создавање средина каде што сите јазици можат да напредуваат. Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик!, додава премиерот Ковачевски во објавата на Фејсбук.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles