18 C
Struga
Saturday, May 11, 2024
spot_img

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, присуствуваше на седница на Советот за безбедност, свикана од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На состанокот се разговараше за актуелната безбедносна состојба во државата, во регионот и во поширокиот евроатлантски простор, вклучувајки ја и ситуацијата во Украина и во тој контекст, за првите недели од претседавањето на Македонија со ОБСЕ, каде што членуваат 57 земји членки, вклучувајки ја и Руската Федерација.

Посебен фокус е ставен на добрососедските односи, кон што, Македонија е искрено посветена, во духот на европските вредности.

На седницата на Советот за безбедност, премиерот Ковачевски, ја сподели оценката со претседателот на државата, Пендаровски дека не смее да се дозволи, европската агенда, што е стратешка цел на нашата држава, како и билатералните односи со соседна Република Бугарија, да станат жртва на националистички и популистички политики, од која и да е страна.

Премиерот Ковачевски, на состанокот ги посочи европските перспективи на нашата држава како прашање од значење за стабилноста и економскиот развој на Македонија, но и за стабилноста и безбедноста на целиот регион и посочи на потребата од одговорно однесување од сите политички лидери и субјекти, во реализацијата на оваа државна, стратешка цел, што е очекување и на мнозинството граѓани во нашата држава, се наведува во соопштението од Владата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles