16 C
Struga
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција.

Денеска заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ остварија средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На средбата се говореше за неопходноста од забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со приоритет на Македонија. Претставникот на ЕУ, Лајчак уште еднаш ја потенцираше силната поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и ја оцени нашата земја како доверлив партнер на Унијата.

Соговорниците заклучија дека од клучна важност е унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, што пак придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот, соопштуваат од Владата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles