20 C
Struga
Monday, May 13, 2024
spot_img

Ковачевски: Земјата е безбедна, за економските предизвици сме целосно подготвени 

Во вонредно обраќање до јавноста утринава премиерот Димитар Ковачевски ја осуди воената агресија на Русија врз Украина и порача дека Македонија е стабилна и во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на земјата. 

Премиерот кажа дека Владата внимателно ја следи состојбата во Украина и нагласи дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи Македонија како земја членка на НАТО може да смета на заштитата која ја нуди Алијансата.

„Воената гресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓуанародното право и е закана за евроатлантската безбедност, Уѓте еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21 век терба да е век на дијалог, не на војни.“-Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.

Ковачевски додаде дека поради воените дејствија се продлабочува глобалната енергетска и економска криза и оти не очекува неизвесна година, во која економијата во Европа и светот ќе претрпи штети, но уверува дека Владата делува во интерес на заштитата на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од трибина во Велес по повод 100 дена локална власт повтори дека пред 20 дена на состанок со рускиот амбасадор во земјава во седиштето на партијата, му кажал дека го поддржува територијалниот интегритет и суверинетит на секоја независна држава како што е Украина.

„Зошто е тоа важно. Затоа што не така одамна и нашата татковина и нашата Македонија беше предмет на агресија од север и од запад. И затоа ние не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен територијалниот интегритет и суверенитет на ниту една суверена и независна држава. Но, гледајќи го во очи и разговарајќи лице во лице, некриејќи се поради некои други причини, Фејсбук статуси или бледи соопштенија од владата.“Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повика на обединетост како нација и кажа дека ова е добра можност во Собранието да се усвојат две Декларации,едната за поддршка на Украина, а втората за македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тој испрати и критика дека државата одбива да се откаже од акцизата за горивата, но и дека нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles