18 C
Struga
Saturday, April 27, 2024
spot_img

Ковачевски: За 100 дена донесовме, тешки, принципиелни и пред сѐ државнички одлуки 

Предизвиците, притисокот и очекувањата се големи, но среќа е што токму оваа Влада ја има одговорноста да се носи со сите овие предизвици.

Среќа е затоа што, одговорно тврдам, дека за 100 дена донесовме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки со кои ги штитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи, нагласи премиерот Димитар Ковачевски во неговото експозе на денешниот Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Македонија”, во кое се осврна на најважните остварувања во првите 100 дена во актуелниот домашен и меѓународен контекст.

Докажавме дека со добар менаџмент, одговорно управување, со парите на граѓаните и чесна работа, нагласи тој, може да се надминат и најтешките предизвици.

Премиерот Ковачевски се фокусираше на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои се преземаат на среден и долг рок за економски развој на земјата.

Првиот приоритет, нагласи Ковачевски, се однесува на заштитата на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст, односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот, како и на стопанската активност во земјата.

Третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа на инвестициите кои се доминантно од државниот Буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок.

– Оваа Влада останува посветена на клучните прашања за граѓаните, за економската сигурност и подобар животен стандард, рече премиерот Ковачевски и додаде дека ќе се работи на и понатаму на економскиот развој на земјата и на финансиската поддршка на семејствата.

Каректеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, рече Ковачевски, а тоа се гледа, подвлече, и во стабилниот Буџет. И во услови на пандемија, а сега во услови на најголема енергетска криза нема застој во исплата на плати, пензии, а приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани. Паралелно, информира, креираме крупни, долгорочни планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles